uvex pheos CX2 ЖОЛТИ

uvex pheos CX2 ЖОЛТИ Uvexger

Шифра: UV-9198285

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Заштитни жолти очила со широко видно поле. Благодарение на x-tended технологијата на продолжени леќи (обезбедуваат и одредена странична заштита) и x-twist технологијата на закривени рачки, uvex постигна совршено прилагодување на обликот на главата на корисникот, па овој модел на очила никогаш нема да му падне на корисникот, а честичките прашина или течност, коишто паѓаат од кој било агол, не можат да дојдат во допир со очите на корисникот. Имаат посебно закривување така што го штитат и делот околу веѓите. Оптичката класа на поликарбонатните леќи е 1, а тие обезбедуваат заштита од удари од честички со мала брзина, до 45 m/s. Употребата на supravision excellence технологијата ги обезбедува трајните својства против замаглување на овие очила од внатрешната страна, како и отпорноста на гребнатини и хемикалии од надворешната страна. Имаат и 100% заштита од UV 400 зраци. Тие немаат метални делови воопшто, што обезбедува лесно ракување и подвижност на деловите при отворање. Посебниот дизајн на рачките обезбедува одлична вентилација и ја подобрува микроклимата во пределот на очите. Овие очила поставуваат нови стандарди, покажувајќи уште подобри перформанси од докажаната pheos серија.
EN 166 F.T
EN 170

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА