Светски ден на безбедноста и здравје при работа 2022

Светскиот ден на безбедноста и здравје при работа кој се одбележува секој 28-ми Април промовира подигање на свеста кон спречување несреќи и повреди на работа,како и појавата на болести предизвикани од ризиците на работното место.Секоја незгода на работното место,било да е во прашање повреда,заболување или фатален исход е неприфатлива.

Подигањето на свеста за важноста на здравјето и заштитата при работа,Работодавачите имплементираат ефективен пристап кон овие теми кои може буквално да спасат живот на свои вработени.Многу е важно да и работниците присвојат ваков пристап и да бараат да бидат адекватно заштитени на своето работно место.
По повод овогодинешното одбележување на Меѓународната организација за работа (ILO) објавен е извештај,PowerPoint  слајдови и постер,а организира и глобален Webinar “Да делуваме заедно кон изградба на позитивна култура за сигурноста и здравјето-Светски ден на безбедност и здравје при работа 2022.” (28.Април 2022.со почеток во 13:30).За повеќе информации за Webinar и целата тема може да погледнете овде.
Регистрација на Zoom и учество на webinar е бесплатно.
Меѓутоа работодавачите не се и не треба да бидат сами во настојувањето да воведат и одржуваат култура за заштита при работа.
Компанијата Албо веќе 30години е на располагање на сите оние на кои име потребна помош и совет за како да ги заштитат своите вработени.Знаењето и искуството кое е стекнато во текот на три децении работа во однос на заштита при работа е гаранција дека сите оние кои ја сфаќаат како законска обврска а пред се одговорност спрема своите вработени и клиенти,токму во компанијата Албо може да побараат вистински совет,да се запознаат со законските регулативи за заштита при работа и да набават соодветна опрема за своите работници,водејќи сметка не само за нивната сигурност и почитување на стандардите,туку и за иднината,квалитетот и долготрајноста на опремата.
Широкиот асортиман и категории на заштитна опрема кои Албо може да ги понуди во секој момент,допринесе на многу места и во многу ситуации борбата за здравје и заштита на вработените во различни сфери како што е медицинската (во борбата против панедимијата COVID -19) градежната,машинската,земјоделската индустрија итн.
Овој ден,како светски ден на безбедноста и здравје при работа треба да се повторува секој ден.Секој ден кога работникот излегува на градилиште,кога лекарот и медицинската сестра влегуваат во ординација,кога механичарот ќе застане покрај автомобилот подигнат на дигалка.кога земјоделецот ќе започне со прскање на своите насади и секаде каде што е потребно да се подигне свеста за безбедноста и здравјето при работа.
Ние продолжуваме по тој пат.