Водоотпорност или водоодбојност, во што е разликата?

Важно е да се знае разликата помеѓу водоодбојност и водоотпорност,зошто од тоа често зависи правилен избор на работни и заштитни чевли за одредено работно место.

Кога станува збор за работни и заштитни чевли, често помеѓу сите својства кои се наведуваат во нивниот опис се среќаваат термини водоодбојност и водоотпорност.Заради нивната сличност, би можело да се помисли дека овие два термина имаат исто значење, но тоа не е случај.
Важно е да се знае разликата помеѓу водоодбојност и водоотпорност,зошто од тоа често зависи правилен избор на работни и заштитни чевли за одредено работно место.

WRU-водоодбојно горниште


Водоодбојност прецизно се нарекува и водоодбојно горниште, а ознаката на ова својство е WRU ( water resistant upper).
WRU (water resistant upper) ознака подразбира дека водата нема да пројде низ материјалот на горништето на чевлата, или ќе пројде во некои дозволени граници. Мостра на кожата со величина 75 х 60 mm се испитува со динамична метода на апарат кој ја собира и развлекува кожата 7,5% во резервоар со вода во тек на 60 минути. Се мери масата на кожата пред испитување , и после 60 минути, и се пресметува апсорпција (впивање) на водата во проценти која не смее да биде повеќе од 30%. Истовремено во кожата стои парче стандардна фротирка чија маса исто така се мери пред и после испитување. Оваа фротирка впива вода која проаѓа низ кожата и се мери пенетрација (пробивање) на водата, која не смее да биде повеќе од 0,2 гр. 
Целта е во реални услови да се постигне водоодбојност-кога водата ќе допре на лицето на горништето на кожата, и што поголем процент од него да се лизне, или кожата во што помала мера ја впие или ја пропушти водата.


WR-водоотпорност


WR (water resistant) ознака подразбира дека водата нема да пројде ниту низ материјалот на горништето, ниту низ спојувањето помеѓу ѓонот и горништето, и тоа заблагодарувајќи се на одредени мембрани со кои е обвиена целата внатрешност на чевлата, вклучувајќи го и спојувањето на ѓонот и горништето.
Водонепропустливоста се испитува со метода на корито или со динамичка метода (разликата е во тоа дали лицето оди по коритото во лабораторија или апаратот го симулира одењето (врши свиткување на чевлата во резревоарот со водата).


Во методата на корито, се поминуваат 100 должини на коритото (којашто е должина на 11 нормални чекори) со длабочина на вода од 3cm, а во динамичката метода, се симулира ова поминување така да нивото на водата е секогаш 2cm над ивицата на ѓонот. Кај методата на корито, и за работни (EN ISO 20347)  и за заштитни (EN ISO 20345) чевли, за да се добие ознака WR, после поминати 100 должини по коритото вкупната влажна површина во внатрешноста на чевлата не смее да биде поголема од 3 cm².


Динамичката метода е нешто построга за заштитна отколку за работна чевла – за работната чевла (EN ISO 20347), мора да помине минимум 15 минути а во внатрешноста на чевлата да не се појави вкупна влажна површина поголема од 3 cm², додека кај заштитната чевла (EN ISO 20345)-минимум 80 минути.
Технологија која овозможува водоодбојност и водоотпорност на чевлите
За да работната и заштитна чевла добие ознака WR или WRU, се користат различни технолошки процеси и иновативни материјали.


1.Третирање на кожата на горништето со специјални средства на база восок и уље, заблагодарувајќи на кои водата лизга од горништето и на тој начин не продира во чевлата.


2.Хидрофобични мембрани во внатрешност на чевлата.
Често користена мембрана е Gore-tex® мембрана на база поли-тетрафлуоро-етилен (PTFE). Овој материјал го користела NASA, многу спортски произведувачи , а денес е застапен во индустријата на заштитни чевли. Gore-tex® се вградува во чевлата за да се намали потењето и да се зголеми отпорноста на ветер и дожд. Gore-tex® мембраната и овозможува на кожата да ‘’дише’’ бидејќи поседува 1.400.000.000 пори на 1 cm2 мембрана. Овие пори се толку ситни да честичките на вода не можат да ја пројдат надворешноста и внатрешноста на чевлата бидејќи се 20.000 пати помали од дождовните капки, а истовремено 700 пати поголеми од молекулите на водената пареа, и водената пареа може да излезе надвор и затоа не доаѓа до потење. Од тоа исклучително својство произлегуваат висококвалитените карактеристики на чевлите изработени од Gore-tex®.Тенка, лесна и отпорна мембрана може да издржи температура од -250°C до +260°C и најчесто се комбинира со кожата при изработка на работната чевла.


3. Вбризгување како начин на поврзување на горништето и ѓонот во процесот на производство
Лепењето на обувките ( спојување на горништето и ѓонот со некаков вид на лепак) е најчеста во модната индустрија. Но таквиот начин негативно влијае на влажноста и затоа секогаш се напоменува дека е наменета за суво време.
Вбризгувањето од друга страна, подразбира производство на ѓон во кој се вбризгува течен материјал во калапот и после негово ладење, материјалот се стврднува и го попримува обликот на калапот. Во тој процес се спојуваат горништето и ѓонот. Во производтсвото на работни и  заштитни обувки во глобала се користи овој метод на вбризгување, кој допринесува за подобра заштита и заштита од продор на вода во внатрешноста на обувката.