Вложување во знаење и иновации: Бевме дел од обуката за новите 3М производи

Компанијата 3М не повика на обука посветена на иновациите во областа на заштита на дишните органи,глава,лице,очи и слух, како и заштита на телото. Во таа прилика се запознавме со новите производи кои се креирани со напредна технологија со цел обезбедување на квалитетна заштита.

Големо значење даваме на образованието и веруваме дека е од суштинско знаечење сите вработени и менаџери да имаат познавање со какви се ризици можат да се соочат на работното место , кој е правилниот начин да се заштитат,а се тоа да биде поддржано од иновациите на пазарот. За таа цел, како би можеле да одговориме на потребите и предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти, во континуитет вложуваме во едукација на нашите вработени. Обуките кои ги организираме во соработка со 3М компанијата , се од големо значење за нас и секогаш сме дел од нив.

На фотографиите подолу можете да видите како помина обуката во Белград со колегите од оваа пријателска компанија.