TITAN™ 2 m

TITAN™ 2 m Jspeng

Шифра: ROAD-1120

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Titan™ е бариера којашто по многу карактеристики е единствена на пазарот. Изработена е од најцврстиот достапен изворен материјал. Лесно се монтира бидејќи елементите брзо се поврзуваат во целина со помош на флексибилните конектори (ROAD-1121), прилагодливите држачи (бази) овозможуваат високо ниво на стабилност во сите временски услови, многу е лесна, лесно се пренесува и складира благодарение на иновативниот дизајн. Димензии: должина 2000 mm, висина 1005 mm, тежина 14 kg. 1) ЕДНОДЕЛЕН КАЛАП Titan™ е обликуван на таков начин што првокласен пропилен се вбризгува во едноделниот калап. Ова овозможува одлична отпорност на ниски температури и постојаност на бојата во период од две години. Новиот дизајн е 100% без метал и може целосно да се рециклира. 2) ДРЖАЧИ (БАЗИ) Благодарение на дизајнот во форма на лопатки, држачите исклучително добро се прицврстуваат за подлогата. Поради врвниот дизајн и квалитет нема потреба од купување резервни држачи. За поголема видливост достапни се и во жолта боја. 3) РЕФЛЕКТИРАЧКИ ПАНЕЛ Целосно рефлектирачкиот панел ги исполнува барањата на стандардот
EN 12899-2. Се одликува со 20% поголема рефлективност во споредба со стандардниот рефлектирачки материјал. 4) ОТВОРИ ЗА ПРОПУШТАЊЕ ВОДА При дизајнирање на бариерата додадени се отвори коишто овозможуваат водата којашто ќе се насобере во бариерата додека истата се чува во складиште слободно да истече. Овие отвори го олеснуваат струењето на воздухот, што дополнително придонесува за стабилноста на бариерата. 5) ФЛЕКСИБИЛНИ КОНЕКТОРИ Новиот дизајн на конекторите овозможува лесно поврзување на поединечните бариери во една целина и истите се компатибилни со другите видови бариери од JSP програмата, како и со бариерите од други произведувачи. Лесно се поставуваат и фиксираат, со што се обезбедува дополнителна стабилност. Конекторите се нарачуваат посебно (ROAD-1121). 6) СТАБИЛНИ БЛОКОВИ И ШИПКИ Surefoot Block стабилните држачи допринесуваат за дополнителна тежина и стабилност на бариерата. SurePole шипките се со прилагодлива должина и можат да се поставуваат меѓу две бариери.

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА