3M™ 7502

3M™ 7502 3m

Шифра: 3M-7502

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Полумаска изработена од силиконска гума, со два заменливи бајонет филтри (произведени во согласност со стандардот
EN 14387). Широкиот издувен вентил го спречува потењето и го олеснува дишењето. Дизајниран е на таков начин што воздухот се движи надолу, а не кон предметот врз којшто се работи или кон заштитните наочари коишто во тој случај би се замаглиле. „Dropdown“ опцијата за симнување на маската од лицето (при што маската и понатаму останува прицврстена за главата со помош на ленти) го олеснува земањето одмор за време на паузите. Меката силиконска гума од којашто е изработена значително придонесува за поголема удобност и трајност на маската. Тенкиот дел околу носот исто така ја зголемува удобноста. Лесна е, со вкупна тежина од 136 g. Дизајнот со низок профил го минимизира попречувањето на видното поле и периферниот вид. Достапна е во три големини: производ 3M7501 мала, производ 3M-7502 средна и производ 3M-7503 голема. Се користи во сите видови индустрии, во зависност од изборот на филтер за заштита на дишните органи од прашина, органски, неоргански испарувања, како и од испарувања од амонијак и киселини.
EN 140

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА