FORCE8™

FORCE8™ Jspeng

Шифра: ZDJ-F8

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Полумаска изработена од лесна, флексибилна и издржлива термопластична гума којашто одлично се прилагодува на лицето, притоа постигнувајќи извонредно вклопување, со два заменливи бајонет филтри со низок профил (произведени во согласност со стандардите EN 14387 и EN 143), коишто минимално го намалуваат видното поле и издувен Typhoon™ вентил со минимален отпор при дишење. Закопчување на 4 точки. Press-to-Check™ филтрите коишто се употребени во оваа маска се посебна иновација во бајонет филтрите и благодарение на нивниот револуционерен дизајн на работниците им се овозможува брзо и сигурно да го проверат оптималното вклопување пред да влезат во зона со висок ризик. Рефлектирачките ленти ја зголемуваат видливоста на работникот при работа во услови со намалена видливост. Се користат во хемиската и петрохемиската индустрија, при производството на ѓубрива, во лабораториите, медицината, фармацијата, земјоделството, градежништвото и при вршење каква било работа при којашто е потребна соодветна заштита на дишните органи.
EN 140

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА