Sigma 2 држач за боца со пратечка опрема 
Шифра: ZD-SCT2027150
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Propak - Sigma е изолациски апарат со отворен круг за дишење,  дизајниран да ги задоволи сите барања на индустриската  примена, а исто така ги задоволува и стандардите за професионалните пожарникари (Тип 2). Propak - Sigma комбинира  максимални перформанси, лесна употреба и комерцијална  економичност. Основата на Propak - Sigma уредот е составена од веќе докажаниот двостепен пневматски систем. Како и во случајот на понапредниот модел, Propak-FX-a, првостепениот вентил прифаќа цилиндри под притисок до 300 бари. ГЛАВНИ ПРЕДНОСТИ СЕ: 
 • бајпасот на вентилот на барање може да се регулира со  помош на ротирачка рачка, па нема потреба од постојано  притискање на копчето
 • ергономичен дизајн и мала тежина на држачот и каишот
 • сите елементи на Propak - Sigma уредот се целосно одвоиви
 • комплетниот пневматски систем лесно и брзо се одвојува и  отстранува, а сите компоненти можат да се сервисираат,  со што се намалуваат трошоците 
 • сервисирањето и одржувањето е лесно и економично  Основни елементи на Propak - Sigma уредот се:
 • издржлива задна плоча со вграден пневматски систем 
 • ленти коишто можат да се прилагодуваат и каиш за лесно  позиционирање 
 • пневматски систем (којшто се состои од приклучок за  цилиндар, редуктор на притисок, манометар, свирка и  вентил што се користи по потреба)  Усогласеност:
 • во согласност со стандардот EN137:2006 Тип 2 
 • во согласност со член 9 од MED Директивата на ЕУ за  опрема за пловни објекти  Опции: Propak - Sigma може да се користи со челични или композитни  боци под притисок до 300 бари, без никакви измени. Алтернативно, можат да се користат и боци под притисок до 379  бари, со мали измени на првостепениот вентил. Исто така,  може да се конфигурира за работа со две боци, со Y-раздвојник  за дополнителен корисник, како и со додаток за работа со  Airline довод на воздух.  Маските со позитивен притисок Vision 3, Promask и Panaseal,  коишто се користат со Sigma 2 уредот нудат можност за  додавање на Saber-com 2 комуникациски уред, којшто е во  согласност со EN136, класа 3.

































