TM-9 ТРИПОД

TM-9 ТРИПОД

Шифра: ZPP-TM9

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Трипод/држач за евакуација на едно лице, за спуштање и кревање на товар. Тежината на триподот е 17.3 kg, максималната работна носивост изнесува 500 kg, има една централна точка за прицврстување. Ногалките можат да се вртат во две позиции, на едната се наоѓа назабен раб за потпирање на погруби површини, а на другата позиција се наоѓаат гумени анти-лизгачки подлоги за потпирање на порамни површини. Челичните ланци коишто ги спојуваат ногалките на триподот дополнително го спречуваат лизгањето. Висината на алуминиумските нозе може да се прилагодува во 7 нивоа. Се користи при евакуација на лица или предмети, во комбинација со чекрек (како што е RUP-502) и опрема за спречување на паѓање, како што се на пример автоматски кочници, каиши, јажиња, итн.
EN 795 класа B

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА