DUNLOP ACIFORT® HEAVY DUTY ЦРНИ S5 SRA
Шифра: DNLP-A442031
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Водоотпорни жолти и црни чизми наменети за употреба во градежната индустрија, изработени од Acifort® материјал, со челична капа, челичен лист и антибактериска постава од полиамид (најлон) којашто ја спречува појавата на непријатни мириси. Антистатичкиот ѓон обезбедува одлична отпорност на лизгање и лесно се чисти. Пределот на петата (со апсорбер на енергија) е специјално дизајниран да обезбедува дополнителна стабилност и удобност. Дополнително појачување во пределот на глуждот. Компанијата Dunlop разви специјален Acifort® материјал (кованица од зборовите „acid“ - киселина и „comfort“ - удобност) од којшто се изработени чизмите. Чизмите за градежната индустрија изработени од овој материјал се отпорни на киселини, бази, масла, нафта и други хемикалии. Станува збор за единствена комбинација од ПВЦ (основен материјал), нитрилна гума (обезбедува удобност и отпорност на хемикалии) и полимери (обезбедуваат долготрајност). Acifort® материјалот има дури 50% подолг век на траење од класичниот ПВЦ. Површината е мазна, со што се олеснува одржувањето на хигиена.
Величини 40-48
EN ISO 20345