ЗАЕДНО ДО БЕЗБЕДНОСТ

Компанијата Албо е основана во 1992 година како фамилијарно претпријатие. Како поминуваа годините, така компанијата Албо од своето основање го ширеше својот асортиман, листата на светски реномирани добавувачи, како и бројот на вработени. Денес, нашиот тим го сочинуваат 250 вработени, а можеме да се пофалиме и со комплетна понуда на лична заштитна опрема потребна за работа, како и со дополнителен асортиман – со професионални хемиски препарати за одржување на хигиената на работниот простор, со хартиена галантерија и со опрема за безбедност на работниот простор. Како лидер на пазарот во понудата имаме 5.000 производи, произведени во согласност со европските стандарди и српскиот Правилник за ЛЗО (PPE Directive 89/686/EEC). Некои од овие производи ги имаме во понудата од самиот почеток на фирмата, но исто така нудиме и технолошко- иновативни производи коишто ја претставуваат примената на последните научни откритија. Ова го отсликува и пристапот на компанијата кон општото работење – ја почитуваме традицијата, но ги прифаќаме новитетите и подготвени сме за исчекор ставајќи акцент на квалитетот и сигурноста.

Визија

Наша визија е да обезбедиме здрави и задоволни работници и да направиме повредите на работа да станат минато. Безбедноста е врвна вредност кон која тежнееме. Во денешното динамично работно опкружување неопходно е да се биде подготвен и опремен за сите потенцијални ризици, а тоа е можно единствено со вложување во науката и со примена на современи технолошки решенија. Свесни за ова, ние во Албо инсистираме на одржливо одговорно работење, во чиј центар е грижата и вложувањето во луѓето, екологијата и науката.

Mисија

Компанијата Албо настојува да го подигне нивото на свеста за важноста на примената на современите средства за лична заштита при работа – во менаџментот, но и кај работниците коишто се изложени на најголем ризик. Тесно соработувајќи со корисниците и добавувачите обезбедуваме сигурни и иновативни производи со високи безбедносни стандарди коишто секој ден ги задоволуваат потребите на повеќе од пола милион луѓе во регионот. Покрај продажбата на најсовремената лична заштитна опрема и давање комплетна постпродажна услуга, Албо со клиентите го дели знаењето и искуствата за примена на современите средства за лична заштита при работа во разни работни опкружувања. Повеќе од дваесет години искуство во полето на лична заштитна опрема го ставаме во служба на вашата безбедност. Веруваме дека човечкиот фактор е незаменлив во целиот работен процес и давање услуги, па оттука се трудиме да вложуваме во своите вработени и на тој начин да им дадеме најквалитетна поддршка и заштита на вашите работници. Сакаме корисниците на нашите производи да се чувствуваат безбедно и удобно во процесот на работа и во секој момент да бидат заштитени.

Што значи АЛБО за нас и за нашите соработници?

Активност:

ние сме сигурни, професионални, квалитетни, точни и го ставаме нашето знаење во служба на вашата безбедност.

Лидерство:

ги следиме светските и воведуваме нови трендови во нашиот регион, иновативни сме, а нашата цел е и понатаму заедно со вас да растеме и да се развиваме.

Блискост:

ги почитуваме семејните вредности, работиме тимски, тука сме за вас и едни за други.

Oдговорност:

Водиме грижа за животната средина и општеството - се грижиме за луѓето (вработените, соработниците и општествените вредности), како и за еколошките ресурси.