Упатство за користење на веб

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за користење на веб - страницата. Со користење на нашата интернет страница, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие услови за користење (во натамошниот текст: Услови). Албо МКД доо го задржува правото да ги промени Условите со внесување на измени во овој текст. Предлагаме од време на време да ја посетите оваа интернет страница за да видите дали има промена на Условите од Вашата последна посета.

Содржините објавени на интернет страницата на Албо се сопственост на Албо МКД доо (Скопје) и може да се користат само за некомерцијални цели, при што мора да се почитуваат сите наведени предупредувања за авторските права.

Не е дозволено да ја менувате содржината на оваа страница на ниту еден начин, да ја репродуцирате или јавно да ја прикажувате, дистрибуирате или на друг начин да ја користите за јавни или комерцијални цели.

Доколку сакате да ја користите содржината објавена на оваа интернет страница за други цели наспрема наведените, треба да контактирате со нас за да добиете дозвола.

Кога ја користите нашата интернет страница не е дозволено да: 

- спречувате или оневозможувате какви било функции поврзани со безбедноста на страницата или функции што ја спречуваат и ограничуваат употребата или копирањето на достапната содржина

- давате неточни информации во врска со личните податоци во вашиот профил

- користите туѓи лични податоци без дозвола на таа личност или лажно да се претставувате во име на трето лице, компанија или организација

- преземате какво било незаконско или противправно однесување

- ја модифицирате, спречувате, пресретнувате или  хакирате интернет страницата со цел да ја онеспособите

- користите специјализирани програми за преземање содржина од страницата

- Ако прекршите некој од овие Услови, може да ве спречиме привремено или трајно да не ја користите оваа интернет страница. Може да преземеме и други мерки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се да Ве пријавиме пред надлежните државни органи, да испратиме предупредување или да поднесеме тужба.

Лични податоци се сите податоци што директно или индиректно се однесуваат или може да се однесуваат на вас како физичко лице. Како правна основа го применуваме Законот за заштита на личните податоци (" Службен весник на РСМ, бр.42 од 16.2.2020 година ''), во понатамошниот текст „ Закон “ со којшто се уредува заштитата на податоците и условите за обработка. Во продолжение ќе ги најдете сите информации за карактерот и обемот на обработка на вашите лични податоци од страна на Албо МКД д.о.о. , Георги Димитров 18, 1000 Скопје, EMBS: 7582145, (во натамошниот текст „Албо“ или „ние“).

1. На кој начин ги собираме или добиваме вашите лични податоци?

2. Кои податоци ги собираме од вас?

2.1. Купување / нарачка од онлајн продавниците на Албо

2.2. Отворање корисничка сметка на интернет страницата на Албо

2.3. Контактирање со Албо - различни видови на барања (контакт по е -маил, телефон, преку социјални мрежи)

2.4. Маркетинг цели - пријавување за добивање на известување за тековни понуди и промоции – „ Newsletter“

2.5. Промотивни акции, наградни игри, спонзорства

2.6. Профилирање

2.7. Посети на интернет страницата

2.8. Креирање персонализиран кориснички профил

2.9 Употреба на колачиња

2.10. Google аналитика

2.11. Социјални мрежи

2.12. Видео надзор

2.13. Учество во процесот на селекција и  вработување во Албо

3. Кој има пристап до вашите податоци?

4. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

5. Дали сте должни да ни ги доставите вашите податоци?

6. Кои се вашите права како лице на кое се однесуваат податоците?

7. Влегување во сила и измени на Политиката за приватност

1. На кој начин ги собираме или добиваме Вашите лични податоци?

Вашите лични информации ги собираме  кога се релевантни за вашите потреби, односмо кога како потрошувач се регистрирате на нашата веб-страница за да купувате онлајн и/ или замда ги добивате нашите известувња – newsletter.

Информациите најчесто ги добиваме директно од Вас, кога пополнувате одреден формулар при нарачка на одредени производи или услуги,. Понатаму, во текстот ќе ги објасниме целите на обработката на податоците, а согласно Законот, вашите лични податоци ќе ги користиме за маркетинг цели , со ваша претходна согласност.

Сите ваши лични информации се третираат како доверливи, а Албо и/или нашите доверливи партнери ги чуваат на соодветен начин (за повеќе информации, погледнете во делот: Кој има пристап до вашите податоци?).

2. Какви податоци собираме од вас?

2.1. Купување /нарачка на веб     -страницата на Албо
Албо како трговец е овластен со Закон за заштита на потрошувачите ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07,103/08, 24/11, 164/13,97/15 , 152/15 и 140/18)  да собира податоци за своите клиенти. Вашите податоци се неопходни  за да се склучи договор за продажба, да се креира нарачка, да се исполнат обврските од договорот за продажба - реализација на испорака, наплата, прием и решавање на рекламации.
Во процесот на купување онлајн, потребно е да ги внесете вашите податоци во предвидените полиња (име, презиме, е-маил, телефонски број, адреса). Купувањето можете да го реализирате и како гостин, иако не сте регистрирани на веб -страницата на Албо. На овој начин, собраните податоци ги користиме исклучиво за извршување на договори за продажба, што вклучува управување и следење на нарачките и комуникација со вас.

2.2. Отворање корисничка сметка на веб -страницата на Албо
Албо ги собира и обработува вашите податоци при креирање на корисничка сметка на веб-страницата на Албо. Податоците што ги собираме се: име, презиме, е-маил, телефонски број.

2.3. Контакт со Албо - различни видови на барања (контакт по е -маил, телефон, преку социјални мрежи)
Во зависност од начинот на кој сте контактирале со нас, како и видот на барањата, таквите податоците можат да го содржат вашето име, презиме, телефонски број, е-маил, други информации за вас што сте ги размениле со нас, а се поврзани со вашето барање.
Податоците собрани на овој начин, можеме да ги обработиме со цел да дадеме одговори на вашите барања, како и за потребите од собирање на статистички податоци и профилирање, за да го подобриме нашето работење. За потребите на статистиката и профилирањето ќе се изврши анонимизација, така што податоците нема да можат да бидат поврзани со конкретно лице.

2.4. Маркетинг цели – пријава за добивање известување за тековни понуди и промоции –Newsletter

На нашата веб - страница, како и при  регистрацијата, Албо ќе ви ја понуди услугата за испраќање известувања за тековни понуди и промоции по е-маил и затоа, потребно е да ги оставите следниве податоци: име и презиме, телефонски број, емаил, назив , адреса и веб адресата на компанијата.  

Ако сте се согласиле да ги добивате нашите известувања, ние го користиме вашиот е-маил/телефонски број и евентуално вашето име, ознаката господин или г-ѓа, доколку  тоа го изберете, за да испратиме информации за производите, за промоциите, наградните игри / конкурсите, новините  и понудите од продавниците. Овие податоци ги чуваме  и обработуваме со цел праќање известувања за тековни понуди и промоции. Со ваша согласност, го следиме вашето однесување како корисник на нашата интернет страница www.albo.mk и  newsletter-от. Оценката за однесувањето на корисникот најпрво ги подразбира податоците за категориите каде што се задржувате и линковите што таму ги користите. На овој начин, создаваме персонализирани кориснички профили со ваши лични податоци и/или со податоците за вашиот е-маил,  за да овозможиме креирање на рекламна понуда од страна на Албо во форма на „newsletter“, „on-site“ реклами и печатен материјал, прилагодени на вашите лични  интереси, и на тој начин ја подобруваме нашата понуда.

Вашата согласност да добивате известувања за тековни понуди и промоции или да креирате персонализирани кориснички профили може да ја отповикате во секое време. Отповикувањето на согласноста не влијае на овозможената обработка извршена врз основа на согласноста пред отповикувањето. Тоа можете да го направите така што на пример,  на нашата интернет страница ќе се одјавите од листата за примање на известувања. Линкот за одјава може да го најдете тука или на крајот од секој „newsletter“. Ако ја отповикате вашата согласност, ќе ги избришеме вашите податоци.

Ве известуваме дека во случај ако ангажираме надворешни партнери за праќање на newsletter/вибер/ смс - пораки и од таа причина им ги доставиме вашите лични податоци, тоа ќе биде направено во согласност со Законот. Податоците ќе се чуваат се додека вие сте согласни.

2.5. Социјални мрежи

Податоците на социјалните мрежи во голема мера ги обработува самиот оператор, а Албо има ограничено влијание на тој дел.
Подетални информации за обработката на податоците од страна на операторите, за платформата на социјалната мрежа и за можностите за приговори можете да најдете во нивните правила за заштита на податоци:

Facebook: https://www.facebook.com/privacy/explanation

Youtube : https://policies.google.com/privacy?hl=en&gl=en_US

Instagram: https://help.instagram.com/519522125107875

Ние ги обработуваме податоците собрани на социјалните мрежи со цел да ги информираме потрошувачите за тековните промоции и понуди, и со цел да имаме интеракција и да ги подобриме односите со следбениците.

Собраните податоци  на социјалните мрежи врз основа на согласност - коментари, видеа, слики, лајкови ... ги објавува операторот. Албо не ги споделува со трети лица и го задржува правото да избрише незаконска содржина, коментари со омраза, експлицитна содржина и податоци што претставуваат кривично дело.

Заеднички сме одговорни со операторот во однос на методите за web-следењето што го овозможува операторот на платформата на социјалната мрежа. Web-следење (webtracking), може да се реализира без разлика дали сте најавени или регистрирани на платформата од социјалната мрежа. Како што веќе споменавме, за жал, можеме само во ограничен степен да влијаеме врз методите на web-следењето на операторот, на пример, не можеме да ги исклучиме. Правната основа за методите на web -следењето е легитимен интерес  за да се оптимизираат  платформата на социјалната мрежа и конкретната фан - страница (fan-page) 

2.6 Видео надзор

Албо користи видео надзор за потребите на безбедноста на вработените и имотот, како и поради откривање на кривични дела и останати спорни ситуации. На влезовите во нашите објекти постојат известувања дека постои видео надзор. Собраните информации ги чуваме во временски период кој ни овозможува да им помогнеме на регулаторните тела и надлежните органи во спроведување на законот. Пристап до податоците имаат само овластени лица од компанијата Албо.  

2.7. Учество во процесот на селекција и вработување во компанијата Албо
Процесот на селекција и вработување во компанијата Албо започнува со доброволно испраќање на CV (биографија) на е-маил: prodaja.mk@albo.biz и sales.mk@albo.biz  или на друга објавена адреса. Вашите податоци ќе бидат обработени за да ве контактираме и го спроведеме процесот на селекција. Доколку се согласите ние ќе ги чуваме во период, од 1 (една) година.

3. Кој има пристап до вашите податоци?

Во рамките на нашата компанија, пристапот до податоците што ни ги давате на располагање, ги имаат само оние сектори на кои  им се неопходни за исполнување на договорните или законските обврски или за исполнување на легитимни интереси. Во рамките на договорниот однос, ние ангажираме и други даватели на услуги, кои можат да добијат пристап до вашите лични податоци. Усогласеноста со прописите за заштита на личните податоци во овие случаи се обезбедува со договорот.

4. Колку долго ги чуваме Вашите податоци?

Ние ги чуваме личните податоци онолку колку што е потребно за да ги исполниме горенаведените цели. Притоа, земени се предвид законските обврски за чување. Критериумите за периодот на чување на податоци ги креираме во согласност со целта, но, бидејќи техничките стоки не се купуваат секојдневно, веруваме дека периодот од 5 години е оптимален за постигнување на маркетинг целите, додека пак податоците за рализираното купување и купувачите, се чуваат колку што е  предвидено со даночните прописи и со прописите со кои се уредува договорот за продажба.

5. Дали сте должни да ни ги доставите вашите податоци?

Во рамките на нашиот деловен однос, вие сте должни да ни ги доставите оние лични податоци, кои се неопходни за почеток, имплементација и раскинување на договорниот однос и за исполнување на обврските поврзани со него, како и оние за кои имаме законска обврска или имаме право врз основа на легитимни интереси. Без овие информации, по правило, нема да можеме да започнеме деловен однос со вас.

6. Какви права имате како лице на коешто се однесуваат податоците?

Имате право на пристап до вашите лични податоци и право да добиете одговор за кои цели се користат податоците што се однесуваат на вас, како и да пристапите до таквите лични податоци, да ја знаете целта на обработката, категориите на вашите лични податоци што ги чуваме, трети страни или категории на трети страни со кои се споделуваат вашите лични податоци и времетраењето на чувањето на податоците.  Имате право да побарате корекција на неточни, погрешно внесени и / или застарени податоци.

Да побарате бришење на вашите лични податоци доколку обработката е по основ на ваша согласност. Можете да ја отповикате вашата согласност во секое време со одјава на начинот што го обезбедивме (со испраќање порака на одреден број или преку одреден линк), како и со испраќање порака  до Албо на е-маил адресата којашто е регистрирана во ЦРМ. Ако основата е закон или легитимен интерес, не можеме да го исполниме вашето барање за бришење на податоците.

Да ја ограничите обработката на вашите податоци доколку сметате дека обработката е нелегална, доколку имате поднесено приговор или сметате дека на Алба повеќе не му се потребни вашите податоци.

Да поднесете приговор за начинот на којшти ги обработуваме вашите податоци, дури и во случаи кога обработката податоците  не е спорна во однос на Законот.

Да поднесете приговор до Комесарот за заштита на личните податоци, во согласност со Законот.

7. Влегување во сила и измени на Политиката за приватност

Оваа Политика стапува во сила на 01.06.2022 година.

Политиката за приватност ќе подлежи на редовни ревизии и секоја ажурирана верзија ќе биде објавена на оваа интернет страница.