SIOEN ESSEN КОМБИНЕЗОН

SIOEN ESSEN КОМБИНЕЗОН Sioen

Шифра: OD-SN5967

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Хемиски комбинезон за повеќекратна употреба од реномираниот производител SIOEN, изработен од материјал Chemtex (полиестерска ткаенина од двете страни обложена со ПВЦ, 360 g/m2), којшто е одлично решение за интензивна употреба во индустриски средини. Особено е отпорен на кинење. Штити од течни хемикалии, масла и мазива. Има еластични манжетни во ракавите и на глуждовите. Без постава. Качулката е фиксирана за оделото, закопчување со патент под двоен преклоп со чичак и дрикери. Раглански ракави. Делот на вратот и брадата е заштитен со посебен преклоп. Производот се користи како замена за комбинезонот JSP отпорен на киселини (OD-085).
Величини M-XXL
EN 465 (крај на 2018.
EN 14605)
EN 466
EN 343

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА