CLIMAX 619
Шифра: ZG-CX-619
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Сертифицирани очила наменети за брусачи со округли леќи со дијаметар од 50 mm, дебелина 2,9 mm и оптичка класа 1. Отпорноста на удари од метални, дрвени или пластични честички е ниво S - до брзина од 45 m/s. Многу се удобни, со дополнителни странични прицврстувачи коишто овозможуваат одлично позиционирање на лицето без можност за симнување. Имаат индиректна вентилација, а служат и како заштита од странични удари. Очилата се изработени од квалитетен пластичен материјал со добра завршна обработка, без остри рабови коишто би го иритирале лицето. Двата дела на рамката се споени со шраф, којшто лесно се одвртува за да се заменат леќите, коишто можат да се нарачаат посебно. Рачките можат да се прилагодуваат по должина.
EN 166